Со апсењето на Радован Караџиќ, српските власти ја исполнуваат обврската спрема Хашкиот трибунал, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Според него, сега е најважно судењето на Караџиќ да не биде политизирано, елемент кој, како што вели, бил присутен во работата на Трибуналот.