Јапонија моментално без нуклеарна енергија

И последниот нуклеарен реактор во Јапонија денеска бил исклучен заради рутинска контрола, со што земјата остана без нуклеарна енергија, за прв пат во последниве 40 години. Илјадници анти-нуклеарни демонстранти маршираа денеска во Токио барајки целосно прекинување со користењето на нуклеарната енергија. Јапонската влада спроведува тестирање на сите реактори за нивната издржливост на земјотреси или цунами.