Споменикот на Андон Јанев Лазов Ќосето во текот на ноќта е отстранет од пред Врховниот суд во центарот на Скопје. Споменикот е однесен во магацините на Металски завод Тито. Налогот за негово отстранување го издал градежниот инспекторат на општина Центар по извршениот увид и утврдената фактичка состојба дека немало решение за негово поставување. Споменикот беше поставен ноќата меѓу 6 и 7 септември 2014 година како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин. За поставувањето на споменикот од страна на работна група во Министерството за култура беа утврдени бројни законски прекршувања.
Споменикот на Ќосето отстранет од пред Врховен суд
Споменикот на Андон Јанев Лазов - Ќосето во Скопје