Путин најави отстапки за контроверзната пензиска реформа

Рускиот претседател Владимир Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја омекна контроверзната пензиска реформа, велејќи дека старосната граница за пензионирање на жените треба да се зголеми за пет, наместо за осум години.

Владиниот предлог да подигнување на старосната граница за пензионирање за мажи и жени предизвика гнев низ Русија и ја поткопа популарноста на Путин, откако беше објавен во јуни.

Парламентот даде прелиминарна поддршка на планот да ја зголеми старосната граница за пензионирање на 63 години за жените и на 65 години за мажите. Во моментов возраста за пензионирање е 55 години за жени и 60 години за мажи.

Сепак, Путин во телевизиско обраќање до нацијата рече дека наскоро старосната границата за пензионирање на жените ќе биде намалена на 60 години.