Во Србија уапсен Македонец за продажба на проекти за муниција

Ужице

Три лица од фабриката „Први Партизан“ од Ужице се осомничени за продажба на проекти и документи за производство на муниција и оружје, јави Радиотелевизија Србија. Уапсени се поранешен инжењер во фабриката, конструктор во Погонот за алати од Пожега и проектант на мажини од Ужице. Четвртиот уапсен бил, како што се наведува, државјанин на Северна Македонија и сопственик на „Арс група“ од Скопје. Ним им е одреден 48 часовен притвор. Апсењата биле по налог на јавното обвинителство. Фабриката „Први Партизан“ од Ужице е една од најстарите фабрики за муниција во Србија.