Во Врање досега со првата доза вакцинирани се 11.007 македонски граѓани, додека со втората доза вакцинирани се 6.362 македонски државјани.
Во Спортски центар во Врање, кој е главен вакцинален пункт во овој град, вкупниот број на вакцинирани со прва и втора доза е 71.693. Од нив бројот бројот на вакцинирани македонски граѓани со првата доза е 11.007.
Најголем број македонски граѓани во Врање се вакцинирале со кинеската вакцина „Синофарм“, додека помал број ја добиле вакцината на „Фајзер“, „Спутник В“ и „АстраЗенека“.