Пекинг нуди трета доза вакцина во пресрет на Олимписките игри

Вакцинален пункт во Кина

Пекинг им нуди на своите жители засилувачка доза вакцина против ковид19 додека се подготвува да биде домаќин на Зимските олимписки игри кои треба да се одржат во февруари. Трета доза им се нуди на жителите над 18 години кои биле целосно вакцинирани најмалку шест месеци претходно.

Строгите правила предвидуваат само кинеските гледачи да ги следат настаните во живо, а се бара спортистите да бидат вакцинирани, а доколку не се, да се одат во 21-дневен карантин по пристигнувањето во Кина.

Друг меѓународен спортски настан, Австралија опен, бара сите играчи да бидат целосно вакцинирани. Министерот за имиграција Алекс Хоук на 20 октомври рече дека странските тенисери ќе мора да имаат примено две дози вакцина за да може да се натпреваруваат. Ова го отвори прашањета за вакциналниот статус на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ кој е и бранителот на титулата. Тој досега одбиваше да каже дали е вакциниран.