Властите на полуостровот Крим кој беше анектиран од Русија во 2014 година соопштија дека едно лице загинало во експлозии на воен аеродром во близина на селото Новофедоривка.
Шефот на Крим назначен од Русија, Сергеј Аксјонов денеска на Телеграм напиша дека едно лице е убиено и изрази сочувство до роднините на жртвата. Тој не ја идентификуваше жртвата.
Во меѓувреме локалните здравствени власти соопштија дека пет лица, меѓу кои и едно дете, се повредени.
Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека детонацијата на муниција на авијацијата ги предизвикала експлозиите. Неколку часа претходно, на социјалните мрежи се појавија видеа кои наводно ги прикажуваат експлозиите.
Русија незаконски го анектираше Крим во 2014 година и ја започна својата тековна неиспровоцирана инвазија на Украина на 24 февруари годинава.