Рускиот милијардер Дерипаска го тужи Навални поради извештајот за врските со Лавров

Рускиот милијардер Олег Дерипаска

Рускиот милијардер Олег Дерипаска поднесе тужба против затворениот опозициски политичар Алексеј Навални, неговиот тим и неколку странски субјекти поради истражниот извештај што го изработија за наводните корупциски врски меѓу тајкунот и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Навални напиша на Телеграма на 17 август дека Дерипаска побарал отстранување на истрагата од интернет и официјално побивање на заклучокот на истрагата дека тој редовно му плаќа на Лавров и финансиски го поддржува неговото „второ семејство“. Истрагата наречена „Јахти, мито и љубовница. Што крие министерот Лавров“, беше објавена во минатата есен.

Британија воведе санкции за уште седуммина руски олигарси, меѓу нив Абрамович и Дерипаска

Дерипаска, исто така, бара Навални да ја отстрани од интернет фотографијата од него и Лавров направена во Јапонија, како и сите споменувања за неговите наводни врски со Пол Манафорт, кој претседаваше со претседателската кампања на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во 2016 година. Дерипаска, кој е познат по неговата блиски врски со претседателот Владимир Путин, е меѓу руските олигарси кои се погодени од западните санкции поради тековната неиспровоцирана војна на Кремљ во Украина.