Предупредувачки сирени за воздушен напад во Украина

Илустрација

Украинските власти утринава издадоа предупредувања за воздушен напад во целата земјата, поради заканата од нови руски напади.

Сирените се вклучија во сите региони, со исклучок на Харков, Суми и Полтава. Дел од предупредувањата беа повлечени, јавува украинскиот сервис на РСЕ.

Видете и ова: Зеленски: Украина нема да биде последната станица на Путин

Генералштабот на украинската војска соопшти дека руските сили извршиле 41 ракетен напад врз Украина во текот на ноќта на 16 февруари, а украинските сили за воздушна одбрана собориле 16 од руските проектили. Русија ја започна инвазијата врз Украина на 24 февруари 2022 година.