Поранешниот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро, се врати во својата земја, откако во последните три месеци беше во Соединетите Држави. На аеродромот во Бразилија беше пречекан од стотици поддржувачи.
Официјални лица на неговата Либерална партија изразија очекување дека Болсонаро, кој никогаш не го призна поразот на минатогодишните избори, ќе ја предводи опозицијата, пренесува Ројтерс.
Болсонаро го напушти Бразил два дена пред да му ја предаде претседателската функција на Луис Инасио Лула да Силва на 1 јануари.
Видете и ова: Бразилските безбедносни сили уапсија 1.200 луѓеТврдеше дека треба да се одмори, но критичарите велат дека го избегнал ризикот од истраги со кои можел да се соочи во Бразил.
Истрагата се фокусираше на неговата критика за гласачкиот систем на Бразил и неговата наводна улога во поттикнувањето на поддржувачите да упаднат во владините згради на 8 јануари, потсетувајќи на нападот на американскиот Капитол во Вашингтон во 2021 година.