Поранешната новинарка на рускиот студентски магазин „Докса“ Наташа Тишкевич тврди дека била затворена на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград околу 40 часа.
Министерството за внатрешни работи на Србија не одговори на барањето на Радио Слободна Европа (РСЕ) да ја потврди информацијата за затворањето на руската новинарка, како и да ја наведе причината поради која е затворена.
Таа вели дека од Малта до Белград отпатувала на 7 август со помош на „Пасош за туристи“, кој и го издал Германија, каде што сега живее. Но, нејзе и бил одбиен влез во Србија.
„Овој документ го добив од германското Министерство за надворешни работи пред една година, бидејќи рускиот пасош ми беше одземен од руската полиција во текот на кривичната постапка“, изјави таа за РСЕ.
Наташа Тишкевич е еден од четвторицата студенти кои работеа за независно московско студентско списание и беа осудени на две години „поправна работа“ во 2021 година за видео во кое ја бранеа слободата на собирање на младите Руси.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Антивоен активист во Србија се плаши од депортација во Русија
Според Гардијан, тие се во домашен притвор речиси една година откако беа приведени во април 2021 година поради објавување триминутно видео на Јутјуб, во кое тие велат дека е незаконско заплашувањето на студентите за учество на митинзи за поддршка на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални.
Тишкевич смета дека затворањето на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград е кршење на човековите права.
„Тоа беше навистина притвор кој немаше правна смисла. Можев само да чекам на аеродром. Имав напад на паника пред полицајците кога ми ја покажаа ќелијата, но тие викаа и инсистираа да влезам, во спротивно ќе ме ставеа во вистински затвор“, рече таа за РСЕ.
Случајот со Тишкевич не е прв, откако претходно на руски антивоен активист на 13 јули му беше забранет влез во Србија. Тогаш основачот на Руското демократско општество, Питер Никитин, исто така „без објаснување“ беше приведен на аеродромот „Никола Тесла“.