Учениците во Русија го започнаа првиот ден од новата учебна година со охрабрувачки зборови од претседателот Владимир Путин и со ревидиран учебник по историја за кој критичарите велат дека има за цел да „поттикне гнев против Украинците“ и да им објасни на идните регрути „зошто носат униформи и чизми“.
Обраќајќи им се на студентите преку видео врска на 1 септември, Путин наведе голем број владини достигнувања, велејќи дека Русија дава пример „во создавањето услови за образование на помладата генерација“.
Сепак, тој не го спомна новиот учебник за средношколци, кој, меѓу другото, ја оправдува целосната инвазија на Русија на Украина.
Видете и ова: Новите учебници по историја во Русија-пропаганда за подготовка за војнаРевидираниот учебник по историја ќе се користи за учениците од 11-то одделение - завршна година од гимназијата. Учебникот е полн со „официјални руски пропагандни клишеа“ и обиди да се оправдаат незаконските дејствија на Русија, вклучително и нејзината нелегална анексија на Крим во 2014 година и нејзината целосна инвазија на Украина во 2022 година, се вели во соопштението на Амнести интернешенел од 1 септември.