Најмалку 62 исчезнати во свлечишта во Непал

Потрагата по исчезнатите во Непал, 12 јули 2024

Најмалку 62 патници се водат за исчезнати откако свлечишта однесоа два автобуса во надојдената река во Непал, соопштија властите.

Воен и полициски персонал е мобилизиран во потрага по исчезнати лица во реката Тришули во областа Читван, на околу 86 километри западно од главниот град Катманду.

„Автобусите не се забележани. Реката е сè уште надојдена, а водата е матна, што претставува проблем за трагачите“, изјави Антим Синџали, претставник на областа.

Најмалку тројца патници преживеале со полесни повреди, скокајќи од автобусот пред масата од камења и кал да се спуштат по падините, додаде Сињали.

Тој рече дека седум индиски државјани се меѓу исчезнатите патници.

Свлечиштата и поплавите предизвикани од обилните монсунски дождови убиле најмалку 91 лице во Непал од средината на јуни.

„Во областа Каски, 150 километри западно од Катманду, 11 лица загинале кога лизгање на земјиштето однело три куќи, додека три лица загинале во лизгање на земјиштето во соседниот кварт Мјагди“, изјави портпаролот на полицијата Дан Бахадур Карки.

Во објава на социјалните мрежи во петок (12 јули), премиерот Пушпа Камал Дахал им наложи на владините агенции да спроведат ефективни операции за пребарување и спасување.