Пожар во Грција, привремено затворен граничниот премин Богородица

илустрација

Шумски пожар избувна во близина на граничниот премин Богородица од грчка страна. Поради тоа, преминот превентивно и привремено е затворен, најверојатно поради чадот, јави дописничката на МИА.

Во гаснењето на пожарот интервенираат 39 пожарникари со два пешадиски тима, 12 возила и еден хеликоптер.

Инфографика - Активни пожари во Северна Македонија на 16 јули 2024

Извори од противпожарната служба на Грција за МИА велат дека пожарот е во тек и е во непосредна близина на границата.