Релиќ изгуби во четвртфиналето на Олимписките игри во Париз

Младата македонска таеквондистка Милијана Релиќ

Младата македонска таеквондистка Милијана Релиќ со поразот од 2:0 во четвртфиналето од Либанката, Летиција Ајун го заврши своето учество на Олимписките игри во Париз.

Таа претходно ја порази противничката од Велика Британија, Џејд Џонс, во осминафиналето со што влезе во наредната фаза од категоријата до 57 килограми.

„Ги анализиравме сите противнички. Со дел од нив сум се борела, со некои сум изгубила тесно, некои сум ги победувала, но не ме обесхрабрува тоа што имаат и европски и светски медали. Ние сме подготвени!“, изјави Релиќ за Радио Слободна Европа пред заминувањето за Париз.

Видете и ова: Релиќ ја порази двократната олимписка шампионка Џонс

„На последните 9 турнири од светската ранкинг листа имаше освоено 7 медали, што е извонреден успех. Со тоа може да се пофалат само натпреварувачки од светска класа. Од ноември имавме ангажирано и специјален кондиционен тренер кој ја подигна нејзината форма. Сега има повеќе сила, повеќе цврстина и можам да ви кажам дека Милијана со нејзината кондиција се наоѓа во топ 3 натпреварувачки во светот во нејзината категорија“, вели нејзиниот тренер, Александар Ефтимов.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Релиќ со македонското знаме на отворањето на Олимписките игри и надеж за медал

И Агенцијата за млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет ја прогласија Релиќ за најдобра млада спортистка за 2023 година. Таа е една од шестемина македонски спортисти на актуелната Олимпијада.