Македонскиот маратонец Дарио Ивановски го освои 69. место на маратонот на Олимписките игри во Париз . Тој ја заврши својата трка со време од 2 часа 28 минути и 15 секунди. Со ова тој стана првиот македонски олимпиец кој завршил една маратонска трка.
Ивановски по трката изјави дека имал повреда на коленото и стапалото што ги почувствувал на шестиот километар од трката.
Видете и ова: Релиќ изгуби во четвртфиналето на Олимписките игри во Париз„Тоа ме оневозможи да го одржам темпото кое го наметнавме на стартот. Од петтиот кон шестиот километар почнав да ја влечам ногата и почнав да се мачам, но тоа е што е. Го дадов максимумот, сега следи перид на опоравување и фокус кон следните цели. Можеби сите, вклучувајќи ме и мене, имавме поголеми очекувања“, изјави тој.
Маратонот го трчаа 81 натпреварувач. Првопласиран е Тамират Тола од Етиопија кој се закити со златниот медал и со нов олимписки рекорд со време 2 часа 6 минути и 26 секунди. Второпласиран со сребро беше Башир Абди од Белгија со време од 2:06:46, додека Бенсон Кипруот од Кенија го освои бронзениот медал со време од 2:07.00.