Швајцарија воведе санкции за 27 Белоруси за кои се верува дека се вмешани во репресија и кршење на човековите права по спорните претседателски избори во Белорусија во 2020 година.
Листата вклучува високи функционери на Министерството за внатрешни работи, затворски службеници, личности од државните медиуми и судии, објави Current Time - медиумски проект на руски јазик што го води Радио Слободна Европа во соработка со Гласот на Америка.
Претходно овој месец, Европската Унија воведе слични санкции против 28 Белоруси.
Видете и ова: ЕУ воведе санкции за уште 28 лица за поврзаност со репресијата во БелорусијаПо изборите во август 2020 година на кои авторитарниот лидер Александар Лукашенко му додели шести претседателски мандат, ширум Белорусија избувнаа масовни продемократски демонстрации и истите беа брутално потиснати.
Во следните години, белоруските власти затворија стотици демонстранти, честопати држејќи ги водечките активисти во речиси целосна изолација и не дозволувајќи им на многу затвореници соодветна медицинска нега.