Лукашенко помилува 30 затворени опозициски активисти

Александар Лукашенко, претседател на Белорусија

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, потпиша декрет за помилување на 30 лица кои беа осудени за учество во протести.

Во соопштението објавено на веб-страницата на неговиот Кабинет на 16 август се вели дека 14 жени и 16 мажи, некои со сериозни болести или на возраст за пензионирање, биле помилувани.

Центарот за човекови права Вјасна претходно оваа недела соопшти дека добил докази дека политичките затвореници низ целата земја биле принудени да пишуваат петиции за помилување до Лукашенко.

Видете и ова: Швајцарија воведе санкции против 27 Белоруси поради репресија

По изборите во август 2020 година на кои Лукашенко доби шести претседателски мандат, ширум Белорусија избувнаа масовни продемократски демонстрации и истите беа брутално потиснати.

Во следните години, белоруските власти затворија стотици демонстранти, честопати држејќи ги водечките активисти во речиси целосна изолација и не дозволувајќи им на многу затвореници соодветна медицинска нега.

Сојузникот на рускиот претседател Владимир Путин, Лукашенко, ги искористи полицијата и безбедносните сили во 2020 година за да ги задуши масовните протести по изборите за кои опозицијата и Западот го обвинија дека ги наместил.