Нобеловата награда за мир оваа година ја доби Нихон Хиданкио, организација на Јапонци кои го преживеале нападот со атомска бомба на Хирошима и Нагасаки.
„Ова масовно движење на преживеани од Хирошима и Нагасаки, познато и како Хибакуша, ја добива наградата за напорите да создаде свет без нуклеарно оружје и за демонстрацијата, преку сведочење, дека нуклеарното оружје никогаш повеќе не смее да се користи“, објави одборот за доделување.
Минатата година наградата ја доби Наргес Мохамади, затворена иранска активистка која се бори за правата на жените.
Видете и ова: Нобелова награда за физика за двајцата пионери во вештачката интелигенцијаПретходно, ваква награда добија јужноафриканскиот борец против апартхејдот, Нелсон Мандела, поранешниот американски претседател, Барак Обама, и пакистанската активистка, Малала Јусафзаи, за нејзината борба за правото на образование за девојчињата.
Нобеловата награда е создадена од богатиот шведски пронаоѓач Алфред Нобел, кој во тестаментот прецизирал дека неговото наследство треба да се користи за финансирање на „награди за оние кои во текот на претходната година му донеле најголема корист на човештвото“.