Сите се гушиме, направете нешто: Протест во Скопје поради аерозагадувањето
Со протестен марш, кој започна од пред зградата на Министерството за животна средина, попладнево „Зелен хуман град“ и неколку други граѓански инцијативи го изразија незадоволството од екстремното загадувањето на воздухот.
Со десетици транспаренти и пароли „Сакаме чист воздух“, „Сакам да дишам чисто“, „Здравје и ништо помалку“... протестната поворка од повеќе стотини граѓани маршираше низ центарот на Скопје со застанување пред Собранието и собир пред зградата на Владата.
Од „Зелен хуман град“ велат дека ова е реакција на последиците од загадувањето, односно причина за протестот се се побројните смртните случаи предизвикани од аерозагадувањето кои, според организацијата, изнесуваат 17,7 отсто од вкупната смртност во државата на годишно ниво.
Секоја година во Северна Македонија се бележат по речиси 4.000 смртни случаи предизвикани од изложеност на честичките пм2.5, кои се меѓу најштетните за здравјето, се вели во повикот за марш од организаторите.
Граѓаните велат дека не се собрале партиски, туку во надеж дека во иднина ќе се дише чист воздух
Насобраните ги повикаа сите кои го следат протестот на социјалните мрежи да им се придружат.
Тука сме за нас, за идните поколенија..., порачаа насобраните граѓани
Низ строгиот центар на Скопје на протестната поворка ѝ се придружуваа граѓани на маршт кон зградата на Владата
Пред Владата повеќемина претставници на организаторите и на другите граѓани имаа обраќања со барања поради кои излегле на протест.
Скопје е втор на листата на најзагадени градови, а не се презема ништо, потенцираа учесниците во маршот.
Изненадени сме колку многу луѓе излегоа да го кренат гласот за почист воздух, велат од организацијата на протестот
North Macedonia - Protest march FOR CLEAN AIR through the center of Skopje, organized by the joint initiative GREEN HUMAN CITY, 10.12.2024
Владата да застане зад општиот интерес - здравјето, побараа насобраните пред Владата.