Во ракетен напад врз Киев повредени најмалку двајца

илустрација

Најмалку две лица се повредени, а неколку згради оштетени во руски ракетен напад рано утрината (20 декември) врз Киев, главниот град на Украина, соопштија локалните власти.

„Нападот предизвика пожари во делови од градот“, изјави шефот на воената управа на Киев, Сергеј Попко.

Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека најмалку две лица се повредени во нападот.

Видете и ова: Украина ги напаѓа руските рути за испорака на гориво до Запорожје

„Украинските системи за противвоздушна одбрана одбиваат ракетен напад врз Киев“, соопштија градските власти и претставници на воздухопловните сили.

Очевидци изјавија дека слушнале повеќе експлозии по предупредувањето за ракетен напад врз градот.