Украинскиот претседател Володимир Зеленски имаше средба со францускиот претседател Емануел Макрон за безбедносна соработка и понатамошна поддршка за Киев.
Средбата била одржана по церемонијата по повод годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау во Полска.
„Се сретнав со францускиот претседател Емануел Макрон. Разговаравме за понатамошна поддршка за Украина“, соопшти Зеленски на социјалните мрежи.
Посебно внимание на средбата било посветено на безбедносната соработка и можните формати на безбедносни гаранции за Украина и цела Европа.
Видете и ова: Руски напади со беспилотни летала ширум Украина„Сметаме на поддршката на Франција во преговарачкиот процес за влез во ЕУ“, нагласи Зеленски.
Кабинетот на украинскиот претседател потсети дека Франција од почетокот на руската инвазија му обезбеди целосна одбранбена поддршка на Киев во вредност од шест милијарди евра.
Како што е соопштено, Володимир Зеленски учествуваше на настаните во Полска по повод 80-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц-Биркенау.