Семејството на Фросина ги виде доказите на обвинителството против возачот

Сестрата на загинатата Фросина Кулакова, Росица на протестот „Правда за Фросина“, Скопје, 02.02.2025

Семејството на загинатата 22 годишна студентка Фросина Кулакова денеска се запознале со истрагата за смртта девојката. Увид во потапката која ја води обвинителството против 20 годишниот возач и доказите кои до сега се собрани против обвинетиот 20годишен возачутре ќе ги гледа и адвокатот на семејството Кулакови, потврдуваат од обвинителството за РСЕ.

„Членови на семејството на жртвата во својство на оштетени и законски застапници дадоа исказ и се запознаа со постапката и со прибраните докази. Во текот на утрешниот ден нивниот бранител ќе изврши и дополнителен увид во доказите, потврдија од Јавното обвинителство.

Дваесет и двегодишната Фросина Кулакова на 29 јануари беше прегазена на пешачки прекин на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. ЈА прегази возач кој возел со голема брзина, на пешачки премин и под дејство на алкохол, поминувајќи с овозилото додека било вклучено црвеното светло на семафорот близу Универзална сала.

Видете и ова: Ѕвездено небо за загинатата Фросина, гнев за системот на вечерашниот протест

На возачот му е определен притвор од 30 дена.

Тој се товари дека сообраќајката ја сторил со умисла па ќе биде гонет за најстрога казна од областа на сообраќајот.

Кај јавноста предизвика огромен револт самата сообраќајна несреќа, но и информацијата дека е сторена без возачка дозвола и дека возачот имал и претходни сторени кривични дела, но поминал со најлесна пресуда, што било само воспитна мерка.

До сега се одржаа неколку масовни протести во кои се бара правда за Фросина, а за во сабота 8 февруари е најавен нов во нејзиното родно Неготино. Го организираат другарките на девојчето, а дел од превозниците ќе возат бесплатно од Скопје до Неготино за сите заинтересирани за протестот.