Законот за „странски агенти" повторно во Собранието на Република Српска

Босна и Херцеговина - Милош Букејловиќ, министер за правда на босанскиот ентитет Република Српска, Бања Лука, 6 февруари 2025 година

Нацрт-законот за посебен регистер и публицитет на работата на непрофитните организации, кој во јавноста е познат и како закон за странски агенти, би требало да влезе во процедура на следната седница на Народното собрание на Република Српска.

Владата на Република Српска го утврди нацрт текстот на Законот на денешната седница
(6 февруари).

Ентитетскиот министер за правда, Милош Букејловиќ на прес конференцијата по седницата порача дека „ова законско решение не воведува цензура во работата на овие организации ниту им забранува да работат“.

„Невладините организации се користени како инструмент за одредени цели во смисла на влијание на ставовите на јавното мислење и донесување одредени закони. Република Српска се обидува со носењето на овие закони да спречи злоупотреби на невладините организации во смисла на политичко делување“, додаде Букејловиќ.

Тој истакна дека законот не е во спротивност со Уставот на БиХ и Европската конвенција за човекови права, и дека целта на неговото усвојување е „зголемена транспарентност и одговорност на работата на невладините организации", кои се финансирани од „странство".

Видете и ова: Српскиот предлог-законот за странски агенти ги става под прашање европските аспирациите на Белград


Според најавите, во рок од шест месеци од усвојувањето на законот, треба да се формира регистар на непрофитни организации, основани во Република Српска, кои се финансиски поддржани од странски субјекти.

Тој рече дека законот како најригорозна мерка предвидува затворање на некои невладини организации, а во случај на кривична одговорност ќе бидат поднесени соодветни обвиненија.

Усвојувањето на овој закон, исто така познат во јавноста како Закон за странски агенти, беше најавено на крајот на јануари од страна на Милорад Додик, претседателот на ентитетот Република Српска.

Еден ден по неговото обраќање, нацрт-законот беше објавен на веб-страницата на Владата на Република Србија.

Тој потоа истакна дека ќе биде утврден статус на странски агенти за сите оние кои добиваат пари од странски влади со цел да ја поткопаат РС“.

Законот предвидува, меѓу другото, надзор над невладините организации кои се финансираат од странство, забрана за широко дефинирани политички активности, потреба од дополнителна регистрација и поднесување на извештаи до Министерството за прием на средства од странство.

Исто така, во случај на прекршување на законот, надлежното министерство може да предложи на судот забрана на нивната работа.

Законот беше повлечен од парламентарната постапка во мај минатата година, по голем притисок од домашната јавност, но исто така и од странство.