Здравствената состојба на поглаварот на Римокатоличката црква, кој беше хоспитализиран со пневмонија, се влоши во саботата, соопшти Ватикан.
Во соопштението се наведува дека здравствената состојба на папата Франциск се влошила по „продолжена респираторна криза слична на астма“.
Тестовите на крвта открија тромбоцитопенија и анемија, поради што папата беше подложен на трансфузија на крв, објави Ројтерс.
Видете и ова: Папата Франциск ќе остане во болница поради лоша крвна сликаВатикан вели дека е премногу рано да се зборува за прогнозата и дека лекарите „остануваат претпазливи“.
Прес-службата на Ватикан претходно објави дека на папата му била дијагностицирана двострана почетна пневмонија, што дополнително го отежнува неговото лекување.
Папата Франциск повеќе од една недела се бореше со респираторна инфекција, а на 14 февруари беше примен во римската болница Гемели.
Лекарите потврдија дека папата е особено подложен на белодробни инфекции бидејќи како млад страдал од плеврит и хируршки му бил отстранет дел од белите дробови.