Обединетото Кралство останува „апсолутно посветено“ на мирот во Украина и „се поврзува со клучните сојузници“, соопшти британската влада откако Доналд Трамп ја запре американската воена помош за земјата.
Белата куќа ја прекина испораката на муниција и друга опрема за Киев, откако во текот на ноќта објави дека ја „разгледува“ помошта за да се „за да се осигураат дека таа придонесува за решение“.
„Ние остануваме апсолутно посветени на обезбедување траен мир во Украина и се ангажираме со клучните сојузници за поддршка на овие напори“, изјави портпаролката на британската влада, додавајќи дека „тоа е вистинската работа и е во наш интерес да го направиме тоа“.
Видете и ова: Трамп ја прекина воената помош за Украина по жестоката конфронтација со Зеленски„Ги зајакнавме украинските воени капацитети преку нашата посветеност да и даваме на Украина воена помош од 3 милијарди фунти годишно (3,8 милијарди долари) онолку долго колку што е потребно и преку заем од 2,26 милијарди фунти користејќи санкционирани руски средства“, соопшти британската влада.
Оттаму додаваат дека со Украина е воспоставено партнерство што им овозможува да користат 1,6 милијарди фунти од UK Export Finance за да купат 5000 ракети за противвоздушна одбрана произведени во Белфаст, ставајќи ја Украина во најсилна можна позиција за мир.
Американските медиуми соопштија дека претседателот на САД, Доналд Трамп ја прекинал сета воена помош за Украина по конфронтацијата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба минатата недела.