САД го „суспендираа“ споделувањето разузнавачки информации со Украина, изјави директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Џон Ретклиф.
Соопштението доаѓа по драматичното влошување на односите меѓу Киев и Вашингтон.
Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела имаа вербален судир во Овалната соба, а САД објавија дека ја прекинуваат клучната воена помош за Украина.
Ретклиф потврди дека споделувањето разузнавачки информации е замрзнато бидејќи Украина продолжува да се бори против инвазијата што ја започна Русија во 2022 година.
„Претседателот Трамп имаше легитимно прашање дали претседателот Зеленски е посветен на мировниот процес“, изјави Ретклиф за Фокс њуз.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
„Зеленски е подготвен за преговори“ - изјави Трамп во Конгресот
Тој рече дека суспензијата што ја прават „на воениот и на разузнавачкиот фронт“ е привремена и оти САД повторно ќе работат „рамо до рамо со Украина“.
Додека Украина се обидува да го премости ќор-сокакот од Овалната соба, Трамп на 4 март изјави дека Зеленски му рекол дека Киев е подготвен да разговара со Москва и да го финализира договорот за минерали со САД.
Зеленски се обиде да ги подобри односите со Трамп, пишувајќи на социјалните мрежи дека неговиот судир со американскиот лидер е „за жалење“ и додаде дека сака да ја подобри ситуацијата.
Видете и ова: Анализа: Четири заклучоци од катастрофата во Овалната собаВо своето обраќање пред американскиот Конгрес на 4 март, Трамп го прочита писмото од Зеленски.
„Во писмото се наведува ‘Украина е подготвена да седне на преговарачка маса што е можно поскоро за да се доближи траен мир. Никој не сака мир повеќе од Украинците’“, прочита Трамп пред американските пратеници.