Суспендираниот шеф на Вишото јавно обвинителство (ВЈО) Скопје денеска (5 март) поднел кривична пријава неколку обвинители, вклучително и државниот обвинител Љупчо Коцевски.
Неговата пријава ги опфаќа и шефовите на основното и вишото обвинителство во Штип, Татјана Кацарова и Ристо Бојаџиски, како и Ермон Незири, обвинител кој во моментов е член на Советот на јавни обвинители.
Ова доаѓа во период кога власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ тера постапка за разрешување на Коцевски од функцијата.
Хајрулахи беше суспендиран од неговата позиција откако против него и уште еден обвинител оф ВЈО Скопје се водеше дисциплинска постапка, а група вработени во ВЈО Скопје поднесоа и кривична против шефот за делата малтретирање во вршење на службата и за злоупотреба на службената положба и овластувања. Предметот беше проследен за постапување токму во штипското обвинителство.
Видете и ова: Власта со „робустна акција“ во правосудствотоКонтра-пријавата против државниот обвинител и останатите обвинители, Хајрулахи ја поднел бидејќи смета дека, како што пренесе МИА, постапката против него била тенденциозна. Тој во пријавата ги товари за дело злоупотреба на службената положба и овластувања.
По информацијата дека поднел кривична пријава, од Обвинителството се огласија дека досега не ја примиле, а ако тоа се случи ќе биде распоредена кај надлежен обвинител за постапување.
Во меѓувреме, од штипското Основното јавно обвинителство известија дека во постапката против осомничениот обвинител Хајрулахи се постапува целосно согласно закон, а истрагата е во финална фаза.
„Надлежниот јавен обвинител не подлегнува на притисоци и испрати покана до осомничениот тој да даде исказ во своја одбрана, меѓутоа поканата е вратена со забелешка дека тој се иселил од адресата наведена за лицето во полномошното и во системот на МВР“, посочија од Обвинителството споделувајќи ја поканата која не успеале да ја достават.
Видете и ова: Обвинителката Крстевска Цалева бара да не биде шефица на Вишото јавно обвинителство СкопјеСуспензијата на Хајрулахи и наводното незаконско назначување на в.д. шеф на Вишото јавно обвинителство во Скопје е и една од причините што владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги наведува како образложение за постапката за разрешување на државниот обвинител Коцевски од функцијата.