Франција и нуди разузнавачки информации на Украина, изјави денеска (6 март) министерот за одбрана, Себастиен Лекорну, еден ден откако Вашингтон соопшти дека го прекинува споделувањето разузнавачки информации со Киев, во обид да го засили притисокот врз украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Имаме разузнавачки ресурси што ги користиме за да им помогнеме на Украинците“, изјави Лекорну за радио станицата Франс Интер и додаде:
„Нашето разузнавање е суверено... со наши сопствени капацитети“, изјави францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну за радиото Франс Интер.
Директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, вчера изјави дека САД го „паузирале“ споделувањето разузнавачки информации со Украина по драматичното нарушување на односите меѓу Киев и Белата куќа.
Видете и ова: САД ја суспендираа размената на разузнавачки информации со УкраинаЛекорну, исто така, рече дека резервите на нуклеарно оружје на Франција, развиени во раните денови на Студената војна и дизајнирани да бидат независни од тогашните доминантни сили Вашингтон и Москва, се доволни.
Американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Украина Володимир Зеленски имаа јавна расправа во Овалната соба минатата недела, по што главниот сојузник на Украина ја суспендираше клучната американска воена помош.