Велика Британија испорачува нови напредни дронови во Украина

Секретарот за одбрана на Обединетото Кралство Џон Хили, Лондон, септември 2024 година.

Британската влада ќе и испорача нови дронови за напад на украинската војска, како што соопшти, за да се спротивстави на руската агресија во Црното Море.

Лондон потпиша договор вреден 35,7 милиони евра со британската филијала на американската компанија за одбранбена технологија Anduril Industries, соопшти британското Министерство за одбрана, на маргините на посетата на министерот Џон Хили на Вашингтон.

Тој денеска (6 март) во Пентагон треба да се сретне со неговиот американски колега Пит Хегсет.

Средбата доаѓа во време кога САД најавија прекин на воената и разузнавачката помош за Украина.

Договорот предвидува испорака на дронови кои можат да ја надгледуваат областа, а потоа да напаѓаат цели, се вели во соопштението на британското министерство, без да се прецизира колку беспилотни летала ќе бидат купени и испорачани во Киев.

Видете и ова: САД ја суспендираа размената на разузнавачки информации со Украина

„Ние сме посветени на постигнување безбеден и траен мир во Украина, што вклучува ставање на Украина во најсилна можна позиција за да се одврати понатамошната руска агресија“, рече Хили, додавајќи дека Велика Британија веќе им испорача „повеќе од 10.000 дронови“ на Украинците.

Минатата година, Лондон се здружи со Летонија за да го организира производството и испораката на илјадници дронови во Украина, кои станаа клучни на теренот за забавување на напредувањето на руските сили.