Романскиот екстремно десничарски политичар Калин Георгеску вети дека ќе се бори за да биде вклучен во повторените претседателските избори, откако неговата дисквалификација предизвика судири меѓу стотици негови поддржувачи и полицијата.
Со оглед на тоа што главниот град Букурешт сега е центар на насилствата, Георгеску ги повика своите поддржувачи да останат мирни додека се бори да ја поништи одлуката на Централната избирачка комисија еден ден претходно.
„Одиме заедно до крај за исти вредности, мир, демократија, слобода“, напиша Георгеску на социјалните мрежи.
Сега тој има рок до 19 часот да поднесе жалба на одлуката на ЦИК со која се дисквалификуваше неговата апликација врз основа на одлуката на Уставниот суд со која беа стопирани првичните избори во ноември по неговата победа во првиот круг.
„Не смееме да предизвикаме насилство или други форми од тоа што се случи вчера вечерта“, додаде Георгеску.
Романските власти соопштија дека 13 припадници на безбедносните сили биле повредени во судирите, во кои демонстрантите палеле автомобили, кршеле излози и фрлале камења врз полицијата, која одговорила со солзавец и приведување демонстранти.
„Правото на слободно изразување е основно право на секој граѓанин, но тоа мора да се оствари во границите на законот и со почитување на јавниот ред и безбедност“, изјави за новинарите мајор Ана Бурчи, портпарол на Генералниот инспекторат на романската жандармерија.
Георгеску, кој е критичен кон НАТО и се спротивставува на поддршката на Романија за Украина против руската инвазија, ја поднесе својата кандидатура за повторените избори кои ќе се одржат на 4 мај.
Видете и ова: Одбиена е претседателската кандидатура на прорускиот кандидат во РоманијаЦИК имаше 48 часа да ја прифати или одбие апликацијата.
Доцна на 9 март, беше соопштено дека кандидатурата на Георгеску „не ги исполнува условите предвидени со закон, како што ги утврди Уставниот суд во декември 2024 година“, повикувајќи се на пресудата за откажување на претседателските избори.
Георгеску и неговите поддржувачи тврдат дека романските власти се обидуваат да ја блокираат неговата кандидатура. Тој луто реагираше на одбивањето, нарекувајќи го „директен удар во срцето на демократијата“.
„Ми остана уште една порака! Ако падне демократијата во Романија, ќе падне целиот демократски свет! Ова е само почеток. Толку е едноставно! Европа сега е диктатура, Романија е под тиранија“, додаде тој во објавата на социјалните мрежи.
Првиот круг од претседателските избори беше отфрлен од Уставниот суд на 6 декември, откако романските разузнавачки извештаи соопштија дека странски актери манипулирале со платформите на социјалните медиуми, особено ТикТок, во корист на Георгеску.
Видете и ова: ЕУ покрена истрага за ТикТок поради сомнеж за руско мешање во изборите во РоманијаГеоргеску беше малку позната личност во Романија се додека неочекувано не победи во првиот круг од претседателските избори на 24 ноември со околу 22 отсто од гласовите.
Тој требаше да се соочи со проевропската центристичка кандидатка Елена Ласкони во вториот круг, кој се сметаше за референдум за идниот курс на Романија.
Романскиот премиер Марсел Чиолаку, кој ја поддржа одлуката на Уставниот суд за поништување на изборите, рече дека властите имаат право на јавноста да и презентираат исклучително цврсти докази во истрагата.
Романскиот претседател Клаус Јоханис на 10 февруари изјави дека поднесува оставка од функцијата поради напорите на опозицијата да го отповика, откако тој остана на власт по поништувањето на изборите од страна на Уставниот суд.