Еврокомесарката за проширување и соседска политика, Марта Кос, која денеска (13 март) престојува во Албанија, порача дека патувањето на земјата кон ЕУ, е сигурно и вистинито и оти Албанија заслужува да биде дел од ЕУ, зашто е „шампион за регионалната соработка“.
„Геополитиката денес ни покажува дека се е можно и вашиот пат кон ЕУ е безбеден и вистинит. Процесот за членство треба да биде проект на сите албански граѓани. Според мене, важно е пристапниот процес да биде проект на целото албанско општество. Не само владата, туку секој град и село треба да се вклучи, за граѓаните да разберат зошто Албанија ќе стане членка на ЕУ,“ рече таа.
Кос се задржа и на парламентарните избори што ќе се одржат на 11 мај, оценувајќи притоа дека изборниот процес е меѓу најважните процеси во демократијата и оти е убедена дека изборите ќе бидат слободни и демократски.
„Парламентарните избори се еден од најважните процеси во една демократија. Ова е изборот на граѓаните да си ја исполнат должноста да гласаат, се надевам дека ќе гласаат и ќе има голема излезност. Сигурна сум дека ќе бидат слободни и фер и го поздравувам фактот што дијаспората ќе има можност да гласа на овие избори. Да проговорат со своите гласови за тие важни работи, за принципите и основите на демократијата“, порача таа.
Видете и ова: Кос: Најмалку една земја кандидат ќе стигне до „финишот“ во следните пет годиниАлбанскиот премиер Рама пак, изјави дека за да се стигне до крајната дестинација ЕУ, мора да се завршат сите домашни задачи.
„Членството во ЕУ не е возење со автобус или авион, туку создавање услови и стандарди, овде, за да се биде член на тамошното семејство. Албанија 2030 во ЕУ ја гледаме како реализација на програмата што ја имаме. Преговорите се базираат на резултати. За да ги спречите да ве попречуваат колку што сакаат, дури и неправедно, да дадат уште една работа, треба да си ја завршите домашната задача. Ова е ЕУ“, нагласи Рама.
Тој исто така рече дека и Албанија и другите земји од регионот немаат друга алтернатива освен интеграцијата во европското семејство.