Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага за раководителот на Одделението на урбанизам и комунални дејности при Општина Маврово Ростуше, откако МВР вчера поднесе кривична постапка до него.
Го сомничи дека како раководно службено лице од почетокот на годинава во повеќе наврати директно побарал и примил поголема имотна корист за себе и за трети лица за да извршат службено дејствие што морале да го извршат, се вели во соопштението од обвинителството.
Осомничениот во два наврати директно побарал од подносител на барање паричен износ од 16.000 евра, а потоа износот во понатамошните средби со оштетениот го намалил на 13.000 евра, за да тој и комисијата што одлучувала во управна постапка по барањето за издавање на урбанистички проект да постапат по барањето на оштетениот.
Видете и ова: Оружје, муниција, пари и документи заплени полицијата во акцијата за нафтените компанииДел од парите наводно биле за другите службеници вклучени во управната постапка за да одлучат во побрз рок. Со оглед дека било договорено парите етапно да бидат исплаќани како што ќе се одвива управната постапка, осомничениот за првото дејствие побарал износ од 4.400 евра.
Вчеравечер на договорената средба оштетениот му дал 2000 евра, кои осомничениот ги примил и бил фатен од страна на полициските службеници.
Јавен обвинител на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложи да биде орпеделена мерка притвор на осомничениот во траење од 30 дена.