Папата Франциско ја напушти болницата Гемели во Рим на 23 март, откако пет недели се бореше со пневмонија. По излегувањето од болницата, Папата ја поздрави насобраната толпа и автомобилот со кој патуваше се упати кон црквата во Рим, а потоа кон неговиот дом во Ватикан.
Во Ватикан, големи толпи луѓе се собраа на улиците за да го пречекаат 88-годишниот папа.
Во саботата лекарите најавија дека папата ќе биде пуштен од болница, но тој, рекоа лекарите, треба да избегнува средби со големи групи луѓе и да не си предизвикува замор. По некое време, лекарите рекоа дека Светиот Отец може да се врати на сите негови вообичаени активности.
Видете и ова: Папата Франциск испрати сочуство по повод несреќата во КочаниАргентинскиот папа, кому кога беше млад му беше отстранет дел од белите дробови, беше примен во болницата Гемели на 14 февруари бидејќи состојбата со бронхитис се влоши.
Лекарите првично му дијагностицирале респираторна инфекција, а потоа рекле дека има пневмонија на двете бели дробови. Тестовите на крвта покажаа знаци на анемија и проблеми со бубрезите, но овие компликации се подобрија откако папата беше подложен на два третмани за трансфузија на крв.
На 28 февруари неговата состојба се влошила, бидејќи имал проблеми со дишењето и морал да прима кислород преку маска. Неколку дена подоцна доживеал и два респираторни напади.