Основното јавно обвинителство Гостивар до судијата за деца во гостиварскиот суд поднесе барање за поведување подготвителна постапка и предлог за определување мерка притвор за 15-годишно дете за кое постои сомнение дека сторило продолжено кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години, соопшти Јавното обвинителство.
„Осомничениот, во неколку наврати, искористувајќи отсуство на родителите, намамувал петгодишно девојче во куќа и вршел обљуба врз него“, стои во соопштението.
Судијата за деца денеска(5 април) го прифати предлогот и определи притвор, додаваат од Обвинителството.