Владата функционира обединето, единствено. Мнозинството е стабилно и има неофицијално чиста дво-третинска поддршка во македонското Собрание, реално 78 пратеници ја поддржуваат, изјави денеска (6 април) премиерот Христијан Мицкоски, прашан за информациите дека Арбен Таравари ќе ја напушти коалицијата Вреди.
Тој истакна дека во јавноста има многу информации и ќе се воздржи од било какви коментари, додека одговараше на новинарски прашања по посетата на Општина Тетово.
И четирите партии, Беса, Алијанса за Албанците, Демократско движење и Алтернатива, кои се обединија во „Вреди“ за да ја испратат ДУИ во опозиција по дводецениското владеење, уверуваат дека владејачко мнозинство е стабилно, иако признаваат дека има несогласувања. Нив ги изнесоа на јавна сцена кога се доведе во прашање настапот на локалните избори и кој колкав дел од колачот ќе добие во однос на кандидати за градоначалници и советници.
Видете и ова: Апетитите за локалните избори ја зовреа „Вреди“Алијанса за Албанците, крилото чиј лидер е Арбен Таравари, денеска одржува собрание на партијатa, каде според дневниот ред ќе се дискутира за актуелна политичка состојба во државата и за локалните избори во 2025 година.
Локалните избори во Северна Македонија треба да се одржат во октомври 2025. Коалицијата Вреди (Влен) се формираше во пресрет на парламентарните и претседателските избори во април и мај 2024.