Талибанската полиција за морал уапсила мажи и нивни бербери поради фризурите и брадите што ги направиле кога се потстрижувале, додека други поради тоа што пропуштиле молитви во џамиите за време на Рамазан, се вели во извештајот на Обединетите Нации (ОН) објавен денеска (10 април), шест месеци по стапувањето на сила на Законот за морал со кој Талибанците сакаат да го регулираат однесувањето на луѓето.
Министерството за пороци и доблести, минатиот август објавија низа закони опфаќаат многу аспекти од секојдневниот живот во Авганистан, вклучувајќи ги јавниот превоз, музиката, бричењето и прославите. Најзначајно е тоа што Министерството издаде забрана за жените да зборуваат и да го откриваат своето лице во јавноста.
Видете и ова: Исламска Држава се развива, но дали светот ги тргна очите од неа?Истиот месец, висок функционер на ОН предупреди дека законите, заедно со постојните ограничувања за вработување, образование и кодови за облекување за жените и девојчињата, се „вознемирувачка визија“ за иднината на земјата.
Талибанските власти ја отфрлија загриженоста на ОН за Законот за морал.
Во извештајот на мисијата на ОН за Авганистан се вели дека во првите шест месеци од имплементацијата на законот, повеќе од половина од притворите биле „мажи кои немаат соодветна должина на брада или фризура или бербери кои ја потстрижувале или сечеле брадата спротивно на прописите“.
Во извештајот се наведува дека полицијата за морал редовно приведува луѓе самоволно „без соодветна постапка и законска заштита“.
„За време на светиот муслимански месец на постот, Рамазан, присуството на мажите на задолжителните заеднички молитви беше внимателно следено, што понекогаш доведуваше до произволно притворање на оние кои не се појавиле“, се додава во извештајот.
Видете и ова: Највисокиот суд на ЕУ одлучи дека полот и националноста на Авганистанките се доволни за азилМисијата на ОН соопшти дека биле погодени и двата пола, особено луѓето со мали бизниси, како што се приватните образовни центри, бербери и фризери, кројачи и угостители, што доведува до намалување или целосно губење на приходите и можностите за вработување.
„Директните и индиректните социо-економски ефекти од спроведувањето на законот најверојатно ќе ја влошат страшната економска ситуација во Авганистан“, се вели во извештајот.
Студија на Светска банка проценува дека владината забрана за образование и работа може да ја чини земјата повеќе од 1,4 милијарди долари годишно.
Водачот на талибанците, Хибатула Акунџада, пак, го истакна приматот на исламскиот закон и улогата на Министерството за пороци и доблести во реформирањето на авганистанското општество и неговиот народ.
Во пораката објавена во пресрет на верскиот фестивал Рамазан Бајрам, кој го означува крајот на Рамазан, Акунџада рече дека е неопходно „да се воспостави општество без корупција и искушенија и да се спречи идните генерации да станат жртви на погрешни верувања, штетни практики и лош морал“.
Повеќе од 3.300 инспектори, главно мажи, имаат задача да ги информираат луѓето за законот и да го спроведуваат, се вели во извештајот.
Никој од Министерството за пороци и доблести не беше веднаш достапен за коментар за извештајот.