Стотици илјади верници, државници, свештеници на погребот на папата Франциск

Папата Франциск, роден како Хорхе Марио Бергољо во Буенос Аирес, Аргентина, почина на Велики Понеделник, 21 април 2025 година, на 88-годишна возраст во неговата резиденција во Ватикан, Каса Санта Марта.

Лидерите на над 100 држави се во Ватикан на погребот на папата Франциск

Меѓу државниците кои дојдоа на погребот на папата беше и украинскиот претседател Володимир Зеленски

Британскиот премиер Кир Стармер со сопругата

Германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер и канцеларот во заминување Олаф Шолц со сопругите

Американскиот претседател Доналд Трамп со првата дама Меланија Трамп

Папата Франциск беше 266-тиот папа на Римокатоличката црква, првиот од Америка, првиот језуит и првиот понтиф роден надвор од Европа во повеќе од еден милениум

По одреден период на жалост, католичките кардинали од целиот свет ќе се соберат на конклава за да изберат нов папа

Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен

Тајната конклава за избор на нов папа најверојатно нема да започне пред 6 мај за да им се дозволи време на кардиналите да одржуваат редовни состаноци, да се проценат меѓусебно и состојбата на црквата, вклучувајќи ги нејзините финансиски проблеми и идеолошките поделби.

На плоштадот Св. Петар и на потегот од плоштадот до местото на погребот имаше над 300.000 верници

Погребот на папата Франциск се оджува шест дена по неговата смрт од мозочен удар и срцев застој на 88-годишна возраст.