„Генералка викенд“ во цела држава: Од ѓубре не се гледаат убавините

Во акцијата ширум државата се вклучија доброволци од училишта, локални институции, приватни фирми, здруженија, фабрики, пензионери, ученици...

Во масовната акција се вклучија и вицепремиерот Изет Меџити и претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Нема здравје без чиста животна средина, порачаа илјадниците волонтери кои од вчера ја почнаа големата акција за чистење на отпадот фрлен од несовесните граѓани ширум државата.

Волонтерите побараа колективна одговорност и поголема свест за проблемот кој го имаме - Прекрасна природа, но полна со ѓубре.

Децата од основните и од средните училишта се најбројните учесници во оваа еколошка акција.

„Генералка викенд“ ќе трае до недела, а организаторите порачуваат традиционалното пролетно чистење на нашите домови, да го направиме и за нашата природа.

Дел од акцијата беше и претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Георгиевски.

Дел од акцијата беше чистење и на локалитетот кај скопскиот Аквадукт, каде волонтираа и странски дипломати во земјава.

Во акцијата „Генералка викенд“ во последните пет години се собрани повеќе од 1 тон отпад со помош на повеќе од 44 000 волонтери.

За секои 10 килограми собрано ѓубре, се засадува едно дрво, а за 5 години откако е почната акцијата се засадени повеќе од 135.000 дрвја.

Илјадници волонтери од сите општини во државата, ќе учествуваат во собирањето на отпадоци и денеска и утре.

И министерката за образование и наука, Весна Јаневска, им се придружи на илјадниците волонтери.