Во Брисел нова рунда од дијалогот Белград - Приштина

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти со Мирослав Лајчак во Брисел (архивска фотографија)

Во Брисел денеска (3 јуни) ќе се одржи нова рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина што се води под покровителство на Европската Унија.

Тоа ќе биде прва рудна дијалог со Петер Соренсен откако ја презеде функцијата од Мирослав Лајчак во почетокот на февруари.

Делегацијата од Белград ќе биде предводена од директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петер Петковиќ.

Видете и ова: Макрон се надева дека ќе се обнови дијалогот Косово - Србија

Дијалогот требаше да продолжи на 15 јануари, но Петковиќ ги прекина и ги напушти разговорите поради затворањето на бројни српски институции во Косово, по упадот на косовската полиција во објекти на поштата во Грачаница, како и во Косово Поле, Липљан и други места јужно од Ибар.