Во руски воздушен напад загинаа најмалку пет лица, вклучувајќи членови на три генерации од исто семејство, во северниот украински град Прилуки, што го поттикна украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги обнови повиците до Меѓународната заедница да изврши притисок врз Москва со „сите расположливи средства“ за да се постигне прекин на огнот.
Службениците изјавија дека шест беспилотни летала погодиле станбена област во Прилуки кратко пред зори на 5 јуни, при што загинале мајка, нејзиниот едногодишен син и неговата баба додека таткото извршувал спасувачка работа на друго место погодено од нападот.
„Русија постојано се обидува да купи време за да ги продолжи своите убиства. Кога не чувствува доволно силна осуда и притисок од светот - таа повторно убива“, рече Зеленски во објава на социјалните мрежи, истакнувајќи дека 632 деца се убиени откако Русија ја започна својата целосна инвазија во февруари 2022 година.
„Очекуваме акција од Соединетите Држави, Европа и од секој во светот што навистина може да помогне во промената на овие ужасни околности. Силата е важна, а војната може да заврши само со сила. Москва мора да биде притисната со сите расположиви средства и постепено да биде лишена од својата способност да ја продолжи оваа агресија“, рече Зеленски.
Видете и ова: Путин „многу јасно“ го предупредил Трамп за одговор на украинските напади врз руските воздухопловни базиНападите следеа по телефонскиот разговор меѓу претседателот Владимир Путин и неговиот американски колега, Доналд Трамп, каде што рускиот лидер „многу јасно“ предупредил за намерата на Русија да одговори на украинскиот напад со беспилотни летала за време на викендот врз воени објекти и железничка инфраструктура.
Според Трамп, повикот траел 75 минути, а ненадејниот напад со беспилотни летала на Украина, извршен од страна на Службата за безбедност на Украина (SBU) на 1 јуни, бил една од темите за кои се дискутирало.
„Разговаравме за нападот врз руските пристанишни авиони од страна на Украина, како и за разни други напади што ги извршуваат двете страни. Путин рече. и тоа многу јасно, дека ќе мора да одговори на неодамнешниот напад врз аеродромите“, додаде Трамп.
Трамп ги притиска двете страни да постигнат договор за прекин на огнот откако го направи тоа приоритет на надворешната политика за време на предизборната кампања во ноември 2024 година.
Руските и украинските делегации се состанаа на 2 јуни во Истанбул, но не успеаја да го придвижат мировниот процес напред.
Видете и ова: Разговорите меѓу Украина и Русија завршија без никаков напредокЛидерите од неколку западни земји и многу воени аналитичари го обвинија Путин дека не бара мировен договор, туку го одолговлекува процесот за да ги избегне санкциите на САД, а воедно да добие предност на бојното поле.
Полковник Павло Палиса, украински воен офицер, им изјави на новинарите во Вашингтон на 4 јуни дека Русија поставила цел да воспостави тампон-зона до крајот на годината и сака да ги заземе целите Донецк и Луганск до крајот на септември.
„Интересно е, но тие имаат планови дури и за 2026 година. Планот за следната година е да се окупира целиот дел од Украина што се наоѓа на левиот брег на реката Днепар. Друга цел е да се прекине пристапот на Украина до Црното Море“, рече тој откако ги информираше американските пратеници и функционери.
Палиса, кој е заменик-шеф на канцеларијата на Зеленски, беше дел од украинската делегација што беше во Вашингтон, додека Киев врши притисок врз Москва. Тој презентираше наоди од украинското воено разузнавање.