Во телевизиско обраќање во четврток, 26 јуни, врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи предупреди дека секоја идна агресија против Иран ќе има голема цена.
Хамнеи, исто така, рече дека способноста на Иран потенцијално да стигне до големите американски воени бази е значително достигнување и додаде дека ваквите акции би можеле да се повторат доколку агресијата се обнови.
Врховниот лидер на Иран изјави дека архинепријателот Израел „речиси се распадна“ по одмаздничките напади на Исламската Република за време на 12-дневната војна што ја започна Израел.
„Ционистичкиот режим речиси се распадна и беше уништен од нападите на Исламската Република“, рече Хамнеи, два дена по прекинот на огнот со кој заврши војната меѓу Иран и Израел.
Хамнеи, меѓудругото додаде дека Соединетите Држави „не добиле ништо“ од нивните напади за време на 12-дневната војна, во која беа погодени ирански нуклеарни објекти.
Видете и ова: Трамп тврди дека нуклеарната програма на Иран е „уназадена за децении“, и покрај извештајот што ги доведува во прашање нападитеВо соопштението објавено од државните медиуми, Хамнеи рече дека Соединетите Држави „директно се вклучиле во војната, убедени дека нивното одбивање да интервенираат ќе доведе до целосно уништување на ционистичкиот режим“.
„САД не добија ништо од оваа војна“, рече Хамнеи, додавајќи дека „Исламската Република победи и како одмазда ѝ зададе тешка шлаканица на Америка“.
Во меѓувреме, Советот на чувари во Иран го ратификуваше законот со кој се суспендира соработката на Техеран со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), објави Иранскиот клуб на млади новинари, осврнувајќи се на оваа тело составено од свештеници и адвокати кое ја проверува усогласеноста на законот со Уставот и исламскиот закон.
Законот, претходно усвоен од иранскиот Парламент, потенцијално би можел дополнително да ги влоши односите на Иран со Западот и да влијае на меѓународниот надзор врз неговата нуклеарна програма, јавија британските медиуми.
МААЕ сè уште не издаде официјална реакција на одлуката.