Владината потрошувачка кошничка сепак ќе биде за четиричлено семејство, а не за тричлено, како што досега се најавуваше. Ова денеска (26 јуни) го потврди министерот за економија Бесир Дурмиши.
Според Дурмиши, потрошувачката кошничка ќе биде пореална од синдикалната и ќе биде донесена на првата седница на Економско-социјалниот совет што треба, која како што додаде, треба да се одржи наскоро.
„Затоа правиме нова потрошувачка кошничка, затоа што ќе биде со реални податоци колку му треба за еден месец на едно четиричлено семејство во делот на храната, пијалоците, облеката и така натаму. Таа што ја објавуваат синдикатите, немаме ништо против, но е несоодветна и нереална, поради тоа што бројките не се точни“, потенцираше Дурмиши на денешната прес-конференција.
Видете и ова: Во потрошувачката кошничка ќе бидат вклучени сите овошја и зеленчуци што се произведуват домаВо пресметката на просечната потрошувачка кошничка ќе бидат вклучени сите видови овошја и зеленчук што се произведуват во земјава, изјави неодамна и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.
Според синдикалната месечна потрошувачка кошничка, на едно семејство му требаат речиси 64 000 денари за да ги задоволи минималните потреби и тоа ни оддалеку не е доволно доколку само двајца члена на семејството работат и добиваат минимална плата.
Во меѓувреме, зголемување на трошоците за живот регистрираше и Државниот завод за статистика, кој соопшти дека инфлацијата во мај 2025 се зголемила за 1,5 отсто во однос на април. Споредено со мај 2024 година пак, зголемувањето изнесува 3,3 отсто.
Најголемо покачување се бележи кај храната и безалкохолните пијалоци, кај рестораните и хотелите, кај земјоделските производи. Априлската синдикална кошничка чинела 62 691 денар, а мајската минимална кошница, достигнала вредност од 63 908 денари.