Близу пожарот во село Лозаново кривопаланечко денеска полициски службеници од ОВР Крива Паланка е пронајдено починато лице.
Се врши увид на местото на несреќата на кој присуствува и јавен обвинител, а според првичните информации се работи за жртва од пожарот.
Токму во овој регион беше еден од најголемите пожари кои беснеат во државата. Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски во видео на Фејсбук, повика на помош од државните институции и ги повика граѓаните да се приклучат во гансење на пожарот.
„Опасна огнена стихија се закани на градот, хероите ја спасија! Со срце поголемо од пламенот, стоеја на првата линија. Тежок ден за Крива Паланка, но ден на храброст и човечност, порача тој во својата фејсбук објава.
Видете и ова: Се шири пожарот во Визбегово, едно лице е повреденоМинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва по состанокот на Kризниот штаб во Владата, кажа дека сите денешни пожари се ставени под контрола. Сепак има докази дека се намерно подметнати и распламтени, рече тој. Не сака да открива детали за да не ја загрозува предистрагата, но станало симптоматично тоа што како се гасел еден, веднаш стартувал друг, па трет итн.
Во Чучер-Сандево, рече тој, вчера биле најдени запалени гуми.
„Морам да напоменам дека можеби се работи за поинакво сценарио, од случајност. Во текот на вчерашниот ден фативме лице кое со умисла палеше оган. Лицето беше пронајдено и му беше изречена најстрога мерка, притвор. Многу е симптоматично како се неутрализира еден пожар, почнува втор, а како се неутрализира втор, стартува трет пожар. Од страна на МВР сум информиран дека се сомневаат оти станува збор за одредено сценарио кое сака да се постигне во Македонија“, рече Тошковски.
Денес е активиран и механизмот за европска помош во справување со пожарите и максимално се ставаат сите капацитети на државата во функција.
Како што посочи тој, од страна на Грција, во рамките на овој механизам, веќе се дадени два противпожарни авиони канадери кои ќе бидат ставени во функција, како и два пешадиски тимови кои ќе ѝ помогнат на Македонија во гасењето на пожарите.
„Под контрола се ставени пожарите во Дојран, Николиќ, Паланка, Орман, Волково како и пожарот кај Самоков и Визбегово“, рече Тошковски.
Од 17:20 часот денеска сообраќајот кон Граничниот премин Блаце е повторно отворен, но само за патнички возила. Забраната за движење на товарни возила останува на сила.
Денеска во текот на денот сообраќајот кон граничниот премин кон Косово, како и самиот граничен премин беа затворени поради тоа што пожарот што деновиве гори во близина повторно се разгоре. Поради пожар, пак, на дива депонија во близина на Визбегово, попладнево неколку часа беше прекинат сообраќајот на скопската обиколница.
Пожарот кај Блаце избувна на 6 јули, но по два дена беше изгасен.
Видете и ова: Прогласена кризна состојба поради зголемената појава на пожариЦентарoт за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека до 18 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 21 се активни, а 4 се изгаснати. Од ЦУК велат дека ангажирани се припадници од Армијата, кои активно учествуваат во гаснењето на повеќе позиции.
Хеликоптер од рано утрово учествува во гаснењето на пожарот над селото Николич во околината на Дојран, а еден „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување се вклучи во гаснењето на пожарот над фабриката „Самоков“ во општина Македонски Брод.
Инаку, Владата прогласи кризна состојба и нареди формирање на кризен штаб од повеќе надлежни институции, со цел координирано и мобилизирано справување со пожарите.
Пожарите ја земаа првата жртва пред три денови кога во штала во близина на железничката станица „Ѓорче Петров“ која изгорела во пожар беше пронајдено тело на човек.