Активни се девет пожари на отворен простор, од вкупно 63 во текот на вчерашниот ден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) утрината на 10 јули. Под контрола се четири пожари, еден е локализиран, а 49 се изгаснати.
ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Чучер Сандево – Блаце, каде е зафатена ниска вегетација, во село Визбегово во Шуто Оризари каде гори депонја, во Прилеп – село Бешиште, место викано Бешишки рид, мешана шума. Во пожари во Македонски Брод, се зафатени дабова шума и грмушки, помеѓу селата Црешнево и Локвица, ниска вегетација од пожар проширен од фабрика „Самоков“ во село Рамне, како и мешана шума во селата Слатина и Ковче. Исто така во општина Чашка, под Солунска Глава, кај местото викано Изворите на Бабуна и Бабина Дупка, има чад во карпест дел, а гори и нискостеблеста шума во село Николиќ во Дојран.
Локализиран е пожарот во Кочани, место викано Бабиште, помеѓу селата Јастребник и Полаки, со кој се зафатени ниска вегетација и мешана шума.
Според ЦУК, под контрола се пожарите во Делчево на Градска депонија „Острец“, во Виница, село - Драгобраште во Крива Паланка -село Градец и село Лозаково и во Желино - село Ларце.
Видете и ова: Пожари беснеат на повеќе локации во земјава, има жртва од пожарот кај Крива ПаланкаАМСМ соопшти дека сообраќајот на потегот од клучка Орман до клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто така и на потегот Скопје-ГП за ГР Блаце и во двата правца на експресениот пат Ранковце-Крива Паланка. Сообраќајот на овие патишта беше во прекин поради пожарите.
Поради состојбата со пожарите во Владата синоќа (9 јули) заседаваше Кризниот штаб, а активиран е и европскиот механизм за помош во справување со пожарите.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по седницата на Крзниот штаб изјави дека причина за ширење на пожарите во најголема мера биле неповолни временски услови и силен ветер, но посочи дека за дел има основи на сомнение дека се подметнати од човечки фактор близу клучни инфрастриктурни капацитети, патишта, густо населени области и приватни објекти.