Европскиот парламент во четврток (10 јули) гласаше против изгласување недоверба на шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Оваа иницијатива беше иницирана од Георге Пипереа, конзервативен пратеник од Романија.
За недоверба на Фон дер Лајен гласаа 175 пратеници, 360 беа против, додека 18 беа воздржани.
Потписниците на предлогот за недоверба на претседателката на Европската комисија, исто така, се спротивставуваат на наводната централизација на власта, „одвојувањето“ од европските граѓани и влијанието врз националните избори.
Урсула фон дер Лајен ги нарече иницијаторите на иницијативата „екстремисти“, „антиваксерки“ и „фанови на Путин“ и се обиде повторно да го мобилизира „проевропското“ мнозинство.
Видете и ова: Европратениците ќе гласаат за недоверба на Комисијата на Фон дер Лајен на 10 јулиСепак, германската лидерка не избега од критиките од левицата и центарот, кои го критикуваат нејзиното премногу вертикално управување и ја обвинуваат групата на ЕНП во Европскиот парламент за негување нејасен однос со крајната десница со цел подобро да ги доведе во прашање законите за животна средина.
„Кои се вашите сојузници во овој Парламент. Европската агенда се распаѓа. Комисијата е „премногу централизирана и нефлексибилна“, рече лидерката на центристите Валери Хајер.
Во иницијативата на Пипереа, Комисијата се критикува за „недостиг на транспарентност“, а во документот се споменува и аферата „Фајзергејт“ поврзана со обвинувања против Фон дер Лајен за злоупотреба на должноста при договарањето на набавки на вакцини во време на Ковид кризата.
Урсула фон дер Лајен никогаш не ја објави размената на текстуални пораки со извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурл, за време на пандемијата на Ковид-19, кога Европската Унија преговараше за купување вакцини од американската лабораторија.
Аферата предизвика критики од разни здруженија и личности против вакцинацијата, како и од „Њујорк тајмс“, кои безуспешно бараа пристап до „спорните“ пораки.