Вишиот суд во Нови Сад денеска (18 јули) соопшти дека донел пресуда со која државното претпријатие „Инфраструктура железница Србија“ и државата Србија се обврзуваат да им исплатат надомест на штета за претрпена душевна болка на четири лица поради смртта на нивни блиски.
Радио-телевизија Србија (РТС) објави дека се работи за членови на фамилиите на загинатите при падот на настрешницата.
Видете и ова: На саемот во Нови Сад полагање испити со полициски кордон и протест на студентите во блокадаВо соопштението се наведува дека на тужителите Б.Р., Б.П. и И.Р. треба да им се исплатат по 5.000.000 динари (околу 42.600 евра), а на тужителката М.Р. износ од 4.500.000 динари (околу 38.400 евра) со законска казнена камата.
Против оваа пресуда е дозволена жалба до Апелациониот суд во Нови Сад.
Видете и ова: Студентите во блокада по поканата за средба со опозицијата: „Акцијата ја насочуваме кон граѓаните“При уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад на 1. ноември 2024 година, загинаа 16 луѓе. Настрешницата падна четири месеци по свеченото отворање на зградата по тригодишна реконструкција.
Оваа трагедија доведе до повеќемесечни протести и блокади на факултетите во Србија, на кои се бара одговорност од властите за несреќата.