Водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле е целосно нормализирано.
Хоспитализацијата на пациентите продолжува непречено, а здравствената установа функционира во целосен капацитет – информораше попладнево Министерството за здравство.
Видете и ова: И „Козле“ остана без вода, децата привремено згрижени на други клиникиПретходно денеска, МЗ соопшти дека поради прекин во водоснабдувањето во болницата во Козле, веднаш е побарано од Универзитетска клиника за детски болести и Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби времено да ги згрижат пациентите кои ќе имаат потреба од хоспитализација, додека во Козле ќе продолжи третманот на пациенти во дневна болница и амбулантските прегледи.