Владата на денешната седница го усвои предлог законот за изменување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со што следи покачување на пензиите, објави денеска (22 јули) владината прес-служба.
Премиерот Христијан Мицкоски претходно на прес-конференција изјави дека Владата денеска ќе го разгледа предлог-законот за линеарно зголемување на пензиите, кој потоа ќе биде испратен до Собранието.
Инаку, законски, од септември требаше да се врати старата методологија со која пензиите се усогласуваат 50 отсто според порастот на трошоците на живот и 50 отсто според порастот на просечната плата. Ова усогласување се прави двапати годишно - во март и во септември.
Видете и ова: Владата повторно разгледува линеарно зголемување на пензиитеОтстапување се направи минатата година, кога ВМРО-ДПМНЕ за да го исполни предизборното ветување за повисоки пензии, линеaрно ги зголеми пензиите за по 5.000 денари за сите пензионери. Тие добија по 2.500 денари во септември 2024 година и по уште толку во март 2025 година.
Според податоците од Фондот за пензиско и инвладиско осигурување(ПИОМ), во државата во мај имало вкупно 344.796 пензионери. Просечната пензија истиот месец била 26.157 денари. Највисоката исплатена пензија е 88.013 денари и ја земале само 18 пензионери во државата.